Од денеска се враќа евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Струјата од 1 јануари нема да поскапи, тврди премиерот Димитар Ковачевски. Зголемената цена по која ЕСМ ќе му продава струја на универзалниот снабдувач ЕВХ Хоум е само еден од параметрите, по кој ќе се пресмета нова цена на струјата, па треба да се почекаат и пресметките на другите енергетски компании, вели премиерот.

Дека е рано да се прогнозира за новата цена, потврдува и Регулаторна комисија. Познати се само два од петте партеметри, по кои се пресметува новата цена, велат оттаму. До комисијата стигнале барања од операторот МЕМО и дистрибутерот Електродистрибуција, но регулаторот не наведува дали тие компании бараат зголемување или можеби намалување на цената.

- Откако РКЕ ќе го добие барањето и од МЕПСО, ќе пристапи кон детална анализа на трошоците при што транспарентно, како во последните пет години ќе бидат објавени на брифинг побарувањата од енергетските компании дали и за колку бараат зголемување или намалување на тарифите и потоа по завршување на длабински анализи ќе бидат донеси одлуки и ќе се соопштат цените на тарифи.

Ова доаѓа откако вчера универзалниот снабдувач ЕВН Хоум објави дека ја прифатил едиствената понуда од државните електрани, со која струјата за домаќинствата и малите фирми во следните шест месеци ќе им ја продава по зголемена цена од 7,5 отсто во однос на претходно. Од Регулаторна објаснуваат дека оваа струја е за 95 проценти од потребите. За останатите 5 отсто универзалниот снабдувач не ги прифати понудите ниту на државната ЕСМ и приватната СОЛЕ24.

Оваа количина ЕВН Хоум ќе ја купува на домашната берза со која управува МЕМО, по, како што велат, поповолни услови, согласно моменталната состојба, само доколку е тоа неопходно. Во меѓувреме, од денеска 170 илјади домаќинства кои имаат дигитални броила почнаа да ја користат евтината дневна тарифа од 13 до 15 часот.

Останатите 650 илјади оваа поволност ќе ја имаат во текот на декември, откако екипите на универзалниот снабдувач ќе им ги сетираат борилата. На поголема експедитивност за ова повика и премиерот Ковачевски. Евтината дневна тарифа се укина на 1 јануари 2022 година, на почетокот на енергетската криза.