Од денеска протести во Кочани во 15 часот, од понеделник и во Скопје
За денеска во 15 часот најавен е протест во Кочани на кој ќе се бара одговорност за трагедијата во дискотеката Пулс која ги одзеде животите на 59 млади и невини луѓе.
Протестот е најавен на социјалните мрежи. За понеделник иницијативата „Кој е следен“ исто преку социјалните мрежи најавува протести кои ќе се оддржат на плоштадот Македонија.