Од денеска поскапува струјата

Граѓаните од денеска ќе плаќаат струја поскапа за просечни 7,4 проценти која ќе се тарифира согласно новите четири блока, кои ќе важат само за скапа струја.

Потрошувачката до 210 киловат часови месечно граѓаните ќе ја плаќаат по најниска цена, а сметките за потрошувачка во следните три тарифни блокови ќе се зголемат.

 

Прв блок 0-210 Kwh – 5,5%

Втор блок 210 – 630 Kwh – 10,3%

Трет блок 630 – 1050 Kwh – 18,3 %

Четврт блок над 1050 Kwh – 138,7 %

 

Од денеска поскапи киловати ќе добијат сите домаќинства. Според новиот ценовник киловат час во првиот блок ќе чини - 7,7 денари, во вториот 8,05 денари, во третиот 8,63 денари и во четвртиот блок цената за киловат е 17,42 денари.

Граѓаните можат преку калкулаторот објавен на веб страната на регулаторна и сами да си пресметаат. Просечната потрошувачка на струја во скапа тарифа е околу 400 киловат часови месечно, па оттука пресметките покажуваат дека сметките за струја на едно домаќинство ќе се зголемат за околу 400 денари. Само за пример, ако едно домаќинство за потрошени 400 киловати во скапа и 300 киловати во евтина тарифа, ако до вчера плаќалo 4.414 денари, од сега ќе плаќа 4.756 денари месечно.

 

Пресметка

Потрошени 400 киловат часови во скапа тарифа

300 киловат часови во евтина тарифа

- До 30.06.2022 4.414 денари

- 01.07.2022 4.756 денари

 

И покрај новиот тарифник, броилата остануваат исти. Планот е ЕВН да ги чита на 30 дена. Од компанијата очекуваат во овој период да успеат да ја направат проверката на сите борила. Ако се надминат деновите во тој случај ќе биде поместена границата на потрошените киловати во блокот. Од РКЕ велат дека со новот тарифник ќе се напрваи притисок врз ЕВН навреме да ги чита броилата. Според претседателот на регулаторна, Марко Бислимовски направен е концепт којшто постојано ќе прави притисок врз ЕВН за навремено отчитување.

Поскапување од денеска има и кај евтината тарифа за 8,69%. Иако алармот е вклучен и секојдневно се предупредува дека не очекува тешка зима – надлежните уверуваат рестрикции на струјата за граѓаните нема да има. Државата енергетската криза ќе се обиде да ја преброди преку зголеменото домашно производство.