Од денеска пониски цени на макароните и млекото, казни и до 10.000 евра за непочитување на одлуката

Макарони, шпагети, млеко и млечни производи се само дел од артиклите кои од денеска граѓаните можат да ги набават сопониска цена како резултат на владината одлука. Граѓаните велат дека и покрај намалувањето сепак животот им е се потежок и поскап.

Премиерот, Димитар Ковачевски денеска се прошета низ маркетите заедно со министерот Бектеши и директорот на ДПИ за да проверат дали се почитуваат одлуките и дали тестенините и млечните производи се продаваат по намалени цени.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шекерот, јајцата и оризот.

ДПИ најави зачестени контроли со повеќе од 160 инспектори на терен.

Дополнително, Бектеши најави нови антикризни мерки за стопнаството и ги искара синдикалците дека потрошувачката кошничка им е погрешно пресметана и дека не изнесува 825 евра туку помалку.