Од денеска директна авиолинија Скопје - Москва
Воздухоплов од типот Боинг 737-800, со капацитет од 189 седишта, попладнево во 16:50 часот пристигна на Меѓународниот аеродром во Скопје со што и официјално е воспоставена директната нова редовна линија Москва - Скопје на која сообраќа руската авиокомпанија „Нордвинд ерлаинс“.
Летот траеше 3 часа и 25 минути. Засега директната линија ќе биде еднаш неделно, во петок, но „Нордвинд“ планира дополнителни два лета неделно, односно авионот Москва-Скопје да сообраќаат три пати неделно.
- Ова е прва воздушна линија и директно поврзување меѓу главните градови на Северна Македонија и Русија по 20-ина години. Почнувајќи од денеска „Нордвинд“, ќе лета еднаш неделно, секој паток од Меѓународниот аеродром „Шеремјетво“ во Москва до Меѓународниот аеродром во Скопје. Оваа авиолинија ги обновуваме можностите за унапредување на соработката во економијата, инвестициите, туризмот и културните врски меѓу двете земји, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по слетувањето на авионот.
Тој, како што рече, е убеден дека директната линија Москва - Скопје ќе отвори нови перспективи меѓу двете земји.