Од денеска целосна забрана за движење во шумите

Од денеска почнува да важи целосна забрана за движење во шумите, соопштија од Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. 

Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат.