Од анализите на Министерството за економија зависи дали ќе има други производи со замрзнати цени

Цената на кој следен производ ќе биде замрзната зависи од анализата во Министерството за економија - рече премиерот Ковачевски.

Според него треба да бидат исполнети условите и со тоа да се регулира цената.

Од 28 февруари е замрзната цената на белиот и полубелиот леб, од 16 март на дел од тестенините и млечните производи, а од вчера и на оризот и на јацата.

Министерството за земјоделство веќе подготви анализа и за цените на овошјето и зеленчукот, а одлуката ќе ја носи Министерството за економија согласно со законот за трговија.