Од 600 до 800 денари субвенции за сметките за струја на домаќинствата со ниски приходи

Најранливите категории граѓани и годинава ќе добијат субвенции за сметките за струја. Mинистерот за економија Крешник Бектеши вели дека субвенцијата ќе изнесува 600 до 800 денари, а јавниот повик е веќе објавен на веб-страницата на Министерството за економија и сите граѓани кои ги исполнуваат условите може да аплицираат најдоцна до крајот на февруари.

-За самец со приходи до 18.000 денари денари, за домаќинство со два члена до 25.000 денари, за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за домаќинство со четири члена со приходи до 36.000 денари и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари, објасни Бектеши.

Оваа мерка  вели Бектеши  од годинава е проширена со други социјално ранливи категории  како што се корисници на правото на надоместок поради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување.