Од 250 милиони евра од унгарскиот кредит досега кај компаниите завршиле 84
Од 250 милиони евра од унгарскиот кредит предвидени за кредитирање на компаниите од приватниот сектор, досега банките одобриле инвестиции вредни 84 милиони евра. Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска очекува целата сума да биде распределена во стопанството.
Од кои сектори и за какви проекти се делат парите од овој кредит, таа немаше конкретна информација. Но, смета дека позитивни ефекти ќе има по македонската економија.
„По информациите кои што ги добив од комерцијалните банки, со цел да им се зилезе во предвид на што повеќе компании прават комбинации преку финансирање од овој унгарски кредит како што го користиме терминолошки, и дел од сопствени средства, нормално со различна каматна стапка.“ - Гордана Димитриевска Кочовска министерка за економија.
Бизнис секторот пак смета дека каматната стапка на кредитот кој државата им го понуди за подобрување на економската активност, не им е по мера. И покрај тоа што трошокот или каматата од 1,9 отсто кој е за комерцијалните банки го поктива државата, односно се плаќа со пари од граѓаните, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески вели дека по слична камата компаниите имаат свежи пари и кај приватните банки, 3,2 отсто.
„Каматната стапка во смисол дека и банките даваат приближно блиски камати на успешните компании, но должината на враќање на кредитот беше силен мотивационен фактор да луѓето што имаат инвестициони активности се свртат и побараат средства.“ - Бранко Азески претседател на Стопанската комора.
Унгарскиот кредит вреден 500 милиони евра власта речи да ја подели за компаниите и за општините. Од владата веќе најави дека ќе обезбеди нов кредит вреден 250 милиони евра кои ќе бидат предизборно истурени по општините за инфраструктурни проекти, главно за асфалт.