Од 2020, 1% повеќе за пензиско и здравствено осигурување, кој ќе плати компаниите или работниците
Foto

Од 2020, 1% повеќе за пензиско и здравствено осигурување, кој ќе плати компаниите или работниците

Расте стапката на придонеси од јануари следната година. За пензиско осигурување ќе се уплаќа 18,8% од бруто платата, a за здравствено 7,5%, што е за 1 процентен поен повеќе од 2018г. Оваа реформа што власта ја започна минатата година треба да ги стабилизира фондовите на долг рок, но ги прави работниците поскапи и ги зголемува трошоците на работовачите. 

Дали новите повисоки придонеси ќе ги намалат нето платите на работниците? Од Организацијата на работодавачи велат дека законски тоа треба да падне на товар на работниците, зашто работодавачите исплаќаат бруто плата. 

Од Фондот за пензиско велат дека поради повисоките придонеси оваа година за 0,4%, приходите на Фондот се зголемени за 10 насто во првите десет месеци. Министерството за труд очекува следната година, само по основ на придонеси во ПИОМ да влезат 727 милиони евра, што е за стотина милиони повеќе од лани.

Растот на приходите, за власта во предизборието е повод за повисоки пензии за 700 денари. ММФ го критикува вонредното зголемување, но тоа не ја загрижува министерката за финансии, која следната година очекува поголеми даночни приливи.

Следната година за пензии ќе бидат потрошени 1 милијарда евра.

0 Коментари

Остави коментари