Од 2 јули стартува новата авиолинија Анкара – Скопје

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека покрај редовните линии кон Скопје, „Туркиш ерлајнс“ веќе воспостави летови до Охрид, а од 2 јули авиокомпанијата „АЏет“ ќе започне со директни летови на релација Анкара – Скопје.

Новата авиолинија, според Николоски, се воведува без државни субвенции, што претставува доказ за нејзината економска оправданост и за интересот на авиокомпанијата за македонскиот пазар

Линијата се очекува да биде рентабилна. Анкара е административен град, иако бизнисот е околу Истанбул. Очекувам во следниот период да имаме уште подобри резултати и да расте соработката“, кажа тој.

Осврнувајќи се на бизнис-форумот во Истанбул, посочи дека е договорено карго-поврзување меѓу Македонија и Турција, со цел унапредување на трговската и економската соработка меѓу двете земји.

Според него, оваа иницијатива има особено значење бидејќи еден од краците на Коридорот 10 започнува во Истанбул, што ја прави оваа рута најкраток транспортен правец за стоката што од Турција се извезува кон земјите од Централна Европа.