Од 12-14 јануари ново издание на традиционалниот Вевчански карневал
Од 12 ти до 14 ти јануари Вевчани се претвора во сцена а традицијата пак во слобода, градот држава во Македонија е епицентарот на случувањата, карневал кој што генерациски се пренесува над 1400 години.
Со ритамот на тапаните и писокот на зурлите, со смеа што е истовремено шега но и порака започнува годината не со календарот туку со како што таму го нарекуваат свети Васиља. Маските на карневалот во Вевчани не се само за критика туку и за забава поентира градоначалникот Спасе Кочовски.
Карневалот има силна социјална и културна улога, кој претставува простор каде што заедницата јавно ги изразува своите ставови, грижи и размислувања, но на начин кој е прифатлив, духовит и препознатлив. А маските представуваат средство за изразување, а смеата која што доаѓа како реакција е еден од начините за ослободување на секојдневниот притисок.
Организаторите и годинава ветуваат уникатно доживување со многу забава, музика, смеа, игра, оригинални маски, вевчански дух и неизмерно гостопримство за сите што ќе дојдат на „Вевчанскиот карневал 2026“ кој што е заштитено нематеријално културно наследство.

