Од 1 ви јули нова повисока цена на електричната енергија

За два дена ќе се знае цената на струјата која ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на Евн Хоме. Тогаш истекува рокот за поднесување на понуди до универзалниот снабдувач.

Од ЕСМ за ТВ 24 велат пресметки и предлози во однос на цената и количините се допставени до Влада, каде се преават последните пресметки, и се чека конечна одлука која ќе биде препорачаната цена и количини на струја кои ќе треба да ги обезбедат Државните електрани и со кои ќе настапат на јавната набавка. Цената на ЕСМ најмногу влијае на крајната цена која ќе треба да ја плаќаат граѓаните од јули.

„Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи, како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродиструбуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.“ - велат од АД ЕСМ.

Претходно МЕПСО од регулаторна побара зголемување на преносната тарифа за 68 проценти, а само електродистрибуција, како што претходно соопшти Бислимовски, барала 80 % зголемување на цената за својата услуга.

Компаниите веќе ги доставија своите барања до регулаторна - од идниот месец се поизвесно е дека граѓаните ги очекува ново поскпаување на струјата. А со новата цена доаѓа и новиот тарифник на кои и натаму се работи.