Од 1 септември нови правила за увоз на возила
Околу 1,3 милиони евра ќе заштедат увозниците на возила во земјава со воведувањето на новите правила за возила кои предвидуваат воведување на европските стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата, соопшти Министерството за енергетика.
Правилата ќе се применуваат од 1 септември, а се содржани во правилникот за возила кој овозможува по 17 години целосно да почне да се применува Законот за возила. Овој износ на пари, како што соопшти Министерството за енергетика, досега оделе кај странски компании кои издавале TÜV потврди за техничка состојба на возилата. Сега, оваа постапка ќе се регулира преку компании домашни овластените застапници.
Оваа е дел од промените кои ги носи новиот правилник. Според новите правила одобрување на тип на возило за сите негови варијанти и изведби ќе се врши според документот на WVTA – системот за целосно одобрување на тип на возило, без дополнително тестирање, освен ако увозникот не побара поинаку. Системот (WVTA) овозможува производителот да добие сертификат за тип на возило во една земја од ЕУ и да го пласира на пазарот низ цела ЕУ без дополнителни тестови.

