Од 1 октомври недела неработен ден
Недела ќе биде неработен ден за сите работници, освен за одредени исклучоци за кои ќе биде дозволено работењето в недела и на празници, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој појасни дека со овој закон е предвидено додатокот на плата за работа во недела да изнесува 100 насто за секој час поминат на работа во недела и за празници. Исто така, за трговските субјекти кои ќе работат во недела се утврдува надоместок од 2 отсто од вкупниот приход... имплементацијата на законот ќе биде следена од инспекторатот за труд, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.