Од 1 јули е можно поскапување на струјата со враќање на ддв-то на 18%

Се прават последните анализи кои треба да утврдат дали од први јули граѓаните по повеќе од една година ќе може повторно да користат евтината дневна тарифа за струја, но исто времено ќе добијат и сметки со повисоко ДДВ.

Од Владата најавија можно враќање на ДДВ-то за струја од сегашните 10 на 18 отсто. Повластената стапка на ДДВ од 5 % се воведе во јуни 2021 година, а по шест месеци се зголеми на 10%.

Од министерството за финансии засега нема одговор, но претходно посочија дека до крајот на јуни годинава ќе се применуваат повластени стапки на ДДВ, како мерка за  која беше донесе со цел да се влијае на намалување на сметките за струја за домаќинства во време на криза.

Од регулаторна за ТВ 24 велат од резултатите од анализите ќе се знае кога, како, под кои услови, но и во кој опсег би се вовела евтината тарифа.

Сепак по која цена граѓаните ќе ја плаќаат струјата од први, клучно ќе биде по која цена ЕСМ ќе ја продава произведената струја кон ЕВН Хоум, но и колку ќе произведат домашните капацитети. Од ЕСМ за ТВ 24 велат пресметките се во тек, а за крајната цена одлучува Владата на затворена седница.

„АД ЕСМ во изминатиот период прави анализи и истите ќе бидат доставени до Владата на 6 Јуни. Јавноста ќе ја дознае конечната цена по завршување на постапката на ЕВН Хоум, зависно од јавниот повик, бидејќи на истиот може да се јават и други понудувачи.“ - АД ЕСМ.

Во меѓувреме енергетските компании почнале со доставување на пресметките за трошоците до регулаторна, кои се потребни за формирање на новите цени на струјата во тарифните блокови. Барања досега доставиле МЕМО и Електродистрибуција. Најавеното враќање на ДДВ-то ги скара денеска и пратениците за време на седницата за пратенички прашања.