Од 1 јануари се подига прагот за ослободување од царина за мали пратки
Foto

Од 1 јануари се подига прагот за ослободување од царина за мали пратки

Во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава, од 1 јануари 2020 година од царина ќе бидат ослободени малите пратки во вредност до 90 евра.

Како што соопшти Министерство за финансии, ова е овозможено со измените на Уредбата, изработени врз основа на анализата за царинење на малите пратки, со кои прагот на ослободување од царина за нив се подига од досегашните 45 на 90 евра.

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, електронското купување во нашата земја во 2019 година е зголемено за 14 проценти, односно онлајн нарачките пораснале од 31,6 на 35,9 отсто. Исто така, годинава е зголемен и опфатот на домаќинства кои користат интернет за 81,8 проценти.

0 Коментари

Остави коментари