Од 1 јануари поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека новата цена на струјата

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената за пренос и дистрибуција на струја, што ќе влијае врз крајната сума - која ја плаќаат граѓаните за потрошена електрична енергија. 

Делот што го регулира РКЕ, ќе има влијание од околу 37 отсто од конечната сметка. Останува универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ под наш надзор да направи пресметка - и да се објават финалните цени по блокови, изјави првиот човек на регулаторна Бислимовски

Во текот на наредната недела „ЕВН Хоум се очекува да достави пресметки до Регулаторната, за кои ќе треба да се провери дали е имплементиран тарифниот систем, велат од РКЕ. 

Новите одлуки на РКЕ, ќе ја намалат крајната цена на струјата за околу 1 % процент кој нема да влијае врз најавеното зголемување на елетричната енергија и до 5 %. 

Се поизвесното поскапување на струјата го најави премиерот Мицкоски - кој кажа дека Владата и понатаму ќе ја субвенционира струјата, за да се спречи ценовниот шок.