Од 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана

Oд 1 јануари 2023 година, Македонија ќе воведе визен режим за Куба и Боцвана, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на прес-конференција рече дека ваква одлука донела Владата на предлог на Министерството за надворешни работи во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

„Знаете дека во последно време има сериозен проблем кога земји од Африка и Азија го користат белградскиот аеродром поради постоењето на либерализиран визен режим во Србија и нивните граѓани слетуваат на аеродром кој не е во Белград, а потоа заминуваат во земјите на ЕУ“, рече Османи.