Од 1.507 тестирања - 88 новозаразени со Ковид 19, шестмина починаа
Foto

Од 1.507 тестирања - 88 новозаразени со Ковид 19, шестмина починаа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-23, Куманово-8, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-11, Велес-2, Битола-3, Охрид-8, Кавадарци-1, Гостивар-4, Струмица-1, Македонски Брод-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од: Скопје-57, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-8, Тетово-11, Велес-1, Гостивар-2, Кочани-4, Демир Хисар-1, Свети Николе-10, Кичево-2, Ресен-5. 

Починати се 6 лица, две пациентки од Скопје (56г. и 75г.), пациент од Куманово (91г.), пациент од Гостивар (64г.), пациент од Тетово (82г.) и пациент од Штип (58г.) Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11289,  бројката на оздравени пациенти е 7221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557. 

Направените 1.507 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-156, Биотек-255, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори)-302, Систина со PCR метода -216, Судска медицина -9, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-6, ГАК-0. Досега во земјата се направени вкупно 108384 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациенти, 1 на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 124 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари