Обвинителството предлага затворскиот притвор за Бектеши да се замени со куќен
До Основниот суд Кочани од страна на Обвинителството доставен е предлог за замена на затворскиот притвор со куќен за ексминистерот за економија Крешник Бектеши, како и за поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ.
Од Обвинителството попладнево информираа дека предлогот до судот е доставен согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени.
„Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот“,