Обвинителството повика на разговор една од очевидците на насилството врз Ивана
Ивана Белчева, очевидец на еден од трите пријавени случаи на насилство врз сега починатата Ивана и нејзината ќерка Катја од страна на сопругот Стојанчо, денеска била повикана да даде исказ во Основното јавно обвинителство за немилиот настан на кој била сведок во декември 2025 година.
Белчева за Телевизија 24 изјави дека по саат и половина поминати во Обвинителството, детално го опишала целиот траорен настан.

