Обвинителството постапува по дел од пријавите на градоначалничката Арсовска за дивоградби во Чаир
Обвинителствата постапуваат по сите пријави на Арсовска за изградба на дивоградбите во Чаир со фалсификувани документи.
Од Основното јавно обвинителство за ТВ 24, велат дека пријавите на Арсовска до обвинителството за органиизран криминал и корупција за криминалната банда во општина Чаир, која овозможувала градење незаконски на небезбедни згради се примени и распоредени кај јавен обвинител.
- Пријавите за наведените предмети само што се примени, заведени и распоредени кај јавен обвинител, велат од ОЈО. - ОЈО.
Инаку обвинител веќе извршил проверки и идентификации на наведени парцели, каде Арсовска посочи дека се изградени дивоградбите. Издадена е наредба до Управата за финансиска полиција од која е побарано да ја обезбедат целокупната документација од град Скопје и Агенцијата за катастар - поврзана со постапките за легализација.
Наредени се проверки и во Министерството за транспорт и врски, со цел откривање на кривично дело и сторител. По наредбата како што посочија од обивнителството -се уште се постапува.
Градоначалничката Арсовска информира дека се водат уште 2 постапки претходно започнати за Висар Ганиу од кои едната за фалсификување на целата архивска книга со броеви и барања за легализации, а втората за уште еден случај каде незаконски легализирале со уште еден соучесник.
Нов објект од 2018 легализиран со податоци од 2011. Млад бизнисмен на 11 годишна возраст изградил зграда од 1 милион евра и истата ја легализирал со фалсификат документи, беа дел од обвинувањата на Арсовска изминатиов период незаконски легализации.
Таа преку својот фејсбук профил алармираше и за нарушената безбедност на жителите на Чаир каде се изградени згради без документи кои при прв поголем земјотрес може да се урнат како кула од карти. Приложи и фотграфии од сружените згради во Драч и Адани градени како што посочи како тие на првиот човек на Чаир Висар Ганиу.

