Обвинителството поднесе жалба на ослободителната пресуда за Груевски во ,,Талир 2″

Скопското обвинителство информираше дека е поднесена жалба на ослободителната пресуда за Никола Груевски  за случајот ,,Талир 2″. Надлежниот јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба, информираа од Обвинителството. Пред неполн месец во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот  Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека ослободителната пресуда е резултат на измените на Кривичниот законик од 2023 година. Овој случај застарува на крајот на август.