Обвинителството побара одложување на рочиштето за „Таргет – Тврдина“ поради измените на Кривичниот законик
Денешното рочиште за „Таргет -Tврдина“ за масовното прислушување, се одложи на барање на обвинителството. Писменото барање го објаснуваат со правните прашања што произлегуваат од измените на Кривичниот законик и нивното влијание врз правната квалификација на кривичните дела за кои се гонат обвинетите.
До следното рочиште обвинителството ќе анализира кои дела треба да се преквалификуваат а кои застаруваат и ќе донесат одлука како понатаму ќе го водат овој предмет.
Инаку според пресметките на Коалицијата сите за правично судење, застарувања има и во овој предмет, каде лани во декември апелација ја укина пресудата и сега е на повторно судење.