Обвинителството побара 30 дена притвор за екс министерот Бектеши и неговите соработици

Јавното обвинителството побара 30- дневен притвор за поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши, како и за други раководни лица од Министерството за економија, се дознава од извори во истрагата.

Меѓу оние за кои е побарана мерката е и државната секретарка Размена Чекиќ Дурловиќ и раководителот Беким Хаџиу.

Тие се први лица за кои се отвора истрага и се бара притвор од 30 дена, од поголемата група која досега има над 20 осомничени.

Претходно ваква мерка беше побарана само за 7-мината полициски службеници осомничени за случајот.