Обвинителството ги чека документите по сомнежите за незаконитости во Фирт, поранешните директори негираат
Во Јавното обвинителство засега не пристигнале документите кои докажуваат криминал во Фондот за иновации од страна на актуелниот директор Никола Додов.
Од обвинителството за ТВ 24 велат дека постапуваат само по допрен глас, доколку надлежните истражни органи не постапуваат.
„Јавното обвинителство постапува по допрен глас во услови кога надчежните органи за контрола и истражување не ги извршиле своите задачи и не постапиле согласно своите надлежности. Во конкретниот случај, самиот директор кој наведе дека ги открил соменијата за незаконитости најави дека ја подготвува документацијата за да достави кривична пријава, што претставува негова законска обврска.“ - Основно јавно обвинителство.
По најкавите дека во фондот за иновации незаконски се работело, прв вината ја негираше првиот директорт Јован Деспотовски. Тој вели дека во период од втората половина на 2020година, се правеле редовни годишни ревизии за работењето и ниту една не покажала за недоследности.
„Отсекогаш сум практикувал целосна транспарентност во работењето. Во тој дух останувам на располагање на институциите за поддршка во разјаснување на евентуални отворени прашања, што биле во доменот на моите задачи, доколку има такви.“ - Јован Деспотовски.
Неговиот наследник, Коста Петров вели додека тој бил на чело со фондот најважна му била транспарентноста и почитувањето на законот.
„Уверен сум дека секоја одлука за време на мојот мандат е донесена строго во согласност со законите. Се разбира, доколку договорите не се реализирани од страна на примателите на грантовите, постојат правни механизми за да се санкционира истото.“ - Коста Петров.
Став добивме и од Фестим Халили, дитектор од редовите на ДУИ. Тој за тв 24 изрично ги отфрла сите обвинувања како целосно невистинити.
„Сите постапки се процесирани врз основа на Законот за иновациска дејност и правилниците што произлегуват од тој закон. Резултатите од сите затворени повици биле јавно објавени на веб страната, и јавно доделувани договорите.“ - Фестим Халили.
Вчера директорот на Фондот за иновации Никола Додов ја обвини претходната власт за милионски злоупотреби. Тој објави дека речиси 60 компании се под истрага поради злоупотреба на пари за фантомски проекти од 3,2 милиони евра и не се вратени во државната каса.