Обвинителството допрва ќе се расветлува дали Мицкоски бил во теретана
Foto

Обвинителството допрва ќе се расветлува дали Мицкоски бил во теретана

Случајот “Теретана“ допрва ќе се расветлува во скопското обвинителство. Предаден е на обвинител кој ги анализира материјалните докази, велат од таму за ТВ24. Работата во МВР е завршена и сите документи се предадени во обвинителството. Предметот е во рана фаза, предистрага.  

„СВР-Скопје, минатата недела достави писмено известување со материјални докази во поглед на случајот „Теретана“. Од страна на надлежен ЈО веднаш беа проучени тие докази и вештачење во поглед на извадени видео-записи и анализата на тие дивиери како и другите докази. Се преземаат истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба.“ - изјави Сашо Рајчев-шеф на скопско обвинителство.

Овој случај ги подели министрите во МВР. Читаа еден извештај, но извадија различни заклучоци. Дополнителната министерка Славјанка Петровска вели дека недостасуваат две снимки кои се клучни за да се открие вистината.  

„Точно е дека извештајот кој е доставен до ОЈО стои дека во одреден ден, точно наведен датум, одредени временски интервали со час, минути и секунди недостасуваат видео записи од две камери. Се работи за ист временски интервал од отприлика 2 часа. И се работи за датум во периодот кога мерките за заштита од вирусот се активни.“ - изјави Славјанка Петровска -дополнителна заменик министерка(а1.он).

Министерот Наќе Чулев за оваа снимка тврдеше дека е стара направена во октомври минатата година и дека обезбедувањето не носи ракавици, туку тоа е отсјај од светлото.Од друга страна, началникот кој беше поставен во СВР Скопје од страна на Наќе Чулев минатата недела ја прогласи истрагата за затворена.

Видео снимката од надзорните камери од теретаната беше објавенана 25 април на Твитер. Според полициски извори на ТВ24, недостасуваат снимки од два дена претходно. Предизвика сомнеж дека Мицкоски ги прекршува заштитните мерки кои важат за сите и посетува теретана. Останува скопското обвиниетлство да утврди дали е тоа точно. Претходно беше објавена уште една снимка како лидерот на опозицијата посетува друга теретана, но тој тврди дека отишол само да си ја земе опремата за вежбање.

0 Коментари

Остави коментари