Обвинителството чека резултати од обдукцијата за смртта на Јана

Обвинителството работи на обезбедување на докази за смртта на шестгодишното девојче кое почина во битолската болница. 

Се уште се чекаат  резултатите од обдукцијата. Сослушани се повеќе лица за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на овој случај.

Шестгодишното девојче почина минатата недела во битолската болница, а вчера во Битола и Скопје се одржаа протести со кои се побара целосно расветлување на овој случај.