Обвинителство отвори истрага за проневера и перење над 2,2 милиони евра
Отворена истрага за проневера и перење на пари.....Шест физички и две правни лица се осомничени за проневера на повеќе од 2,2 милиони евра преку лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до повеќе надлежни институции и општини, како и невистинити уплатници за надоместок за јавни патишта..
Меѓу осомничените е сопственик на компанија од село Кучевиште кој воедно е и неизвршен член на Одборот на директори во осигурително брокерско друштво..Му поимагале двајца извршни членови на Одборот на директори во истата брокерска фирма, сметководител и управител на друштво за книговодствени услуги и консалтинг...Истрага се води и против раководителот на станицата за технички преглед и помошник-директорката за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта ..
Јавно обвинителство: „Како управител на правното лице со дејност вршење технички преглед на возила, првоосомничениот изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до повеќе надлежни институции и општини, како и невистинити уплатници за надоместок за јавни патишта. Раководителот на станицата за технички преглед, како овластено лице, изготвувал и потпишувал фактури и доставувал извештаи со невистинити податоци за наплатените надоместоци.
Со цел прикривање на паричните средства, наплатените надоместоци биле уплаќани на сметки на осигурително брокерско друштво. Извршните членови на Одборот на директори знаеле или требало да знаат дека дел од приходите потекнуваат од наплата на надоместоци, а не од дејноста на осигурување. Заедно со неизвршниот член на Одборот на директори, средствата ги префрлале меѓу сметките на правните лица и ги мешале со приходите од редовното работење, а дел бил употребен и за купување недвижности во корист на правното лице. “
Според обвионителството, сметководителот, евидентирал невистинити податоци во сметководствената документација и поднесувал даночни пријави и годишни сметки кои не ја прикажувале реалната финансиска состојба на компанијата..Помошник-директорката за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта, иако била должна да ја следи наплатата на надоместоците и да ги проверува доставените извештаи, не направила ништо..Истрагата покажала и дека таа го известувала раководител на станицата за технички преглед за износите наплатени на сметката на јавното претпријатие, наместо правното лице да доставува месечни извештаи ..

