Обвинителката Ристоска и судијката Гајдова за ТВ 24: Владата да каже кои услови не ги исполнуваме

Владата да каже кои кандидати не ги исполнуваат кои  услови за судија во Европскиот суд за човекови права како и во која постапка е ова утврдено - и порача на Владата обвинителката Ленче Ристоска, откако од Илинденска број 2 соопштија дека Владата не ја прифатила предлог-листата со тројцата кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права на која се најдоа обвинителката Ленче Ристоска, судијката од Апелацискиот суд Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, со образложение дека не ги исполнувале предвидените условите и затоа владата формирала и нова комисија.

Ленче Ристоска – обвинителка 

- Ги следам случувањата околку одлуката на Владата за формирање на нова комисија која треба да ја продолжи постапка за предлагање на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Советот на Европа има пропишано правила за фазите низ кои поминува постапката на предлагање на судија во Европскиот суд за човекови права, така што доколку дојде до нарушување на овие правила, за тоа официјално ќе го известам Совет на Европа. Во врска со ставот на Владата дека кандидатите не исполнувале услови, во име на транспарентноста би било корисно Владата да соопшти кои кандидати не ги исполнуваат кои услови, како и во која постапка е ова утврдено - вели Ристоска за ТВ 24. 

Кои услови не ги исполнува и како тоа владата проценила, прашува и апелациската судијка Габриела Гајдова.

Габриела Гајдова – судијка во апелацискиот суд во Скопје 

„За одлуката на Владата дознав од објава на итернет портал. Доколку е вистина дека листата е вратена поради неисполнување на услови би било во ред да знам кои се тие услови кои не ги исполнувам, со оглед дека Комисијата по оценка на сите аспекти и по спроведено интервју кое воопшто не беше лесно, оцени спротивно“.

Адвокатот Апостолски пак остана недостапен . Од Владата само повторувата дека кандидати  затаиле во условите.

ВЛАДА НА Р.С.М

Причините поради кои Владата изврши избор на нова комисија е поради тоа што претходните предложени кандидати за судија во ЕСЧП не ги исполнуваа предвидените услови.

Отатму нема коментар зошто најпрво листата не била испратена во Старзбур , туку владата самостојно донесла одлука за нова комисја, со што останува неизвесен понатамошниот тек на постапката. На македонскиот претставник во Стразбур, судијата Јован Илиевски, му истекува мандатот на 1 февруари 2026.