Обвинение за возач со 99 % оштетување на видот, кој управувајќи товарно возило усмртил жена

56 годишно лице, лани во декември седнал зад воланот на товарно моторно возилосо истечена возачка дозвола, со утврдена попреченост = слепило од 99 отсто и усмрти жена на регионалниот пат Пепелиште-Неготино. За време на истражната постапка, како што се вели во обвинението, тој успеал и да ја продолжи возачката дозвола.

Денеска од Кавадаречкото обвинителство информираат дека возачот се соочува со обвинение. За време на истражната постапка, како што се вели во обвинението, тој успеал и да ја продолжи возачката дозвола. 

„Со ретровизорот удрил во главата на пешакот Ангелина Ангелова, која била отфрлена од патот и кај која биле предизвикани тешки телесни повреди – скршување на черепот, вратни пршлени и повеќе коски од кои починала. Кај оштетената исто така е утврден одреден пропуст бидејќи имала можност визуелно да го забележи товарното возило и навреме да го избегне, но тој пропуст е од секундарен карактер согласно извршеното вештачење.“ - пишува во соопштението на ОЈО Кавадарци. 

Дополнително, во текот на истрагата, ОЈО Кавадарци утврдило дека обвинетиот е корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост, но сепак управувал со возило. Од тие причини кавадаречното обвинителство побара да се изврши проверка на начинот како обвинетиот се стекнал со возачката дозвола и инвалидската пензија, како и да се испита веродостојноста на медицинската документација.