Обвинение за свирепо семејно насилство во Битола, распишана потерница по насилникот

Ја удирал со кпоци и тупаници,ја држел со сила затворена својата поранешна партнерка, која за да се спаси си ги исекла вените.

Обвинителството поднесе обвинение за свирепото насилство на 42 годишниот насилник од Битола за лишување од слобода и телесна повреда  на својата партнертка а издадена е наредба за распишување на национална потерница бидејќи обвинетиот е во бегство.

„На 21 октомври 2024 година,обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира." велат од обвинителството.

Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Издадена е  наредба за распишување на национална потерница а преземени се дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава.