Обвинение против скопјанец, им дал таблети и алхолол на деца во куќа во Козле
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 40-годишен скопјанец за Тешки дела против здравјето на луѓето по член 217 став 1 во врска со член 212 став 1, како и четири кривични дела - Излагање на опасност согласно член 134 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 11 и 12 јули годинава, во неговиот дом во Козле, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето и им дал да ги употребуваат на четири деца родени 2006, 2007, 2008 и 2009 година. Тој заедно со децата почнале да конзумираат алкохол првично на летниковец во дворот, а потоа во текот на ноќта и во дневната соба од куќата. Во текот на вечерта обвинетиот од комодата во дневната соба извадил лекови „тергатол 200 мг”, „запира 10 мг” и „дијазепам 5 мг” кои ги користел како ординирана терапија за одвикнување од алкохолизам. Дел во таблети, а дел изронети за да можат да се земат преку шмркнување со носот, им ги понудил на оштетените деца „за подобро расположение“. Иако бил свесен дека од ваквата комбинација на лекови и алкохол може да настапи штетна последица, тешко им го нарушил здравјето на децата. Кога лековите почнале да делуваат со нивното дејство кое манифестира вртоглавица, нерамнотежа и нарушување на свеста, децата започнале да паѓаат и се здобиле со повеќе телесни повреди.