Обвинелството е против повторното изведување докази за „Тортура“

Ниту преотворената постапка за случајот Тортура веројатно нема да му помогне на судот да му се разјасни кој обвинет и на кој начин употребил прекумерна физичка сила при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Обвинителот Љубомир Лапе денеска изјави дека нема потреба од дообјаснување на доказите затоа што обвинетите се поединечно наведени а од видео снимката јасно се гледа кој обвинет што презел и со колкав интензитет го направил тоа, изјави денеска обвинителот Љубомир Лапе.  

Одбраната пак од судот побара да им биде доставен на увид записникот за да може поопстојно да одговорат во врска со завршниот збор. Адвокатите и понатаму тврдат дека обвинителството нема докази дека обвинетите извршиле тортура врз Бошкоски. 

Адвокатот  Константин Кратовалиев кој го застапува оштетениот Бошкоски вели дека врз основа на добиеното решение судот нема во врска со доказите за обвинетите. 

„Основната дилема е колкав е придонесот врз основа на преземените дејствија на секој од обвинетите во однос на предизвиканата штета кај жртвата или со колкав интензитет секој од нив придонел. Сметам дека овој сегмент на утврдување на ефектите на штетата не е во доменот на вината, туку во доменот на висината од одредената казна, ако судот утврдил дека штетата е предизвикана.“ - изјави Константин Кратовалиев адвокат на Љубе Бошкоски.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски беше вратен во фаза на дополнение на доказите, откако судијката Александра Ристовска на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите. Во Случајот „Тортура”, првообвинет е поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков. Заедно со него се обвинети уште шест припадници на специјалната единица ,,Алфи”.