ОБСЕ/ОДИХР: Конкурентен изборен ден
Foto

ОБСЕ/ОДИХР: Конкурентен изборен ден

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека вчерашниот изборен ден поминал во наптреварувачка атмосфера, во која се почитувале основните избирачки права на сите граѓани. Првичните забелешки се однесуваат на тоа дека најголемите политички партии користеле многу повеќе јавни средства во текот на предизборната кампања, со што имале и предност во однос на помалите партии.

Проблемите со фингерпринт апаратите кои го одбележаа вчерашниот ден исто така влегоа во книгата на забелешки на ОБСЕ/ОДИХР. Оттаму велат дека овие проблеми покрај тоа што го кочеле самиот изборен ден, придонеле и за побавно отчитување на прелиминарните резултати од првиот круг на изборите.

За Локалните избори 2021 што се одржуваа вчера акредитирани беа вкупно 1.045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Мисијата за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР имаше акредитирано 217 набљудувачи, а се уште не е познато дали тие ќе го останат овде за да го проследат и вториот изборен круг.

0 Коментари

Остави коментари