Образованието поевтино, рестораните и хотелите драстично поскапи

Образованието поевтино, рестораните и хотелите драстично поскапи. Но парите од семејниот буџет се движат во спротивна насока. За образование се издвојува сè помалку, а за угостителство сè повеќе. Лани просечно домаќинство потрошило над 18 илјади денари за ресторани и хотели, а помалку од 700 денари за образование. Експертите предупредуваат дека недоволното вложување во образованието на долг рок може да се одрази врз квалитетот на наставата и знаењето на учениците...