Облачно со повремени врнежи од снег, на места и силен ветер до 80 км на час
Foto

Облачно со повремени врнежи од снег, на места и силен ветер до 80 км на час

Времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, претежно со слаб, а во западните и јужните делови на места со умерен интензитет. Дува засилен, на повеќе места и силен северен ветер со до 80 км/час. Во текот на денот ќе продолжи да дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста почнувајќи од север ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -5 до 2 степена.

Во Скопје, претпладне облачно со слаби врнежи од снег и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата до -1 степен. Како што соопштија од УХМР,  од утре следува период на суво и ветровито време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст

0 Коментари

Остави коментари