Облачно со повремен дожд и температура до 22 степена

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22  степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на ретки грмежи и силен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливото облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а во деновите од викендот на планините ќе има врнежи од снег.