Објавена заедничка изјава за стратешкиот дијалог Македонија – САД
Во Вашингтон заврши вториот стратешки дијалог меѓу САД и Македонија. Двете земји договорија енергетска, економска и безбедносна соработка.
Македонските и американските претставници потпишаа договор за купување течен природен гас од Соединетите Држави. Македонија доби и 5 милиони долари за повторно отпочнување на ископувањето на антимон во земјата.
Тема на разговор била и безбедноста и одбранбената соработка, а македонските претставници потврдиле дека земјата ќе постигне вложување од 5% од нејзиниот БДП во одбраната до 2035 година.

