Објавен списокот со фирми кои зеле државна помош, а не исплатиле минималец на вработените
Foto

Објавен списокот со фирми кои зеле државна помош, а не исплатиле минималец на вработените

Владата ги објави фирмите што ја злоупотребиле државната помош.

Списокот со компании чии газди парите од државата ги ставиле во џеб, наместо да ги дадат на работниците. Списокот е тешко читлив и во него не е конкретно посочено колку пари земала секоја од фирмите.

Станува збор за 708 компании кои за април и мај добиел  околу 385 000 евра од државата за субвенции на платите, но не им ги исплатиле на нивните вработени.

Комапниите  кои ги објави валдата се од сите категории, угостителската дејност, продажна дејност, градежна, прехранбена, има и канцеларии на адвокати, фризерници.

Според информациите од списокот, фирмите се наоѓаат во речсии и сите општини во Македонија.

0 Коментари

Остави коментари