Објавен оглас за обвинител кој ќе ја замени Русковска

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, меѓу кои и за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Русковска е суспендирана додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК.

Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.

Претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.