ОБЈАВЕН НОВИОТ ЗАКОН ЗА АБОРТУС - ЖЕНАТА ЌЕ МОЖЕ И СО МЕДИКАМЕНТИ ДА ЈА ПРЕКИНЕ БРЕМЕНОСТА
Foto

ОБЈАВЕН НОВИОТ ЗАКОН ЗА АБОРТУС - ЖЕНАТА ЌЕ МОЖЕ И СО МЕДИКАМЕНТИ ДА ЈА ПРЕКИНЕ БРЕМЕНОСТА

Жените до 12тата гестациска недела ќе може да абортираат само со писмено барање. Со новиот закон се укинуваат и досегашните административни процедури. Ќе нема повеќе задолжително советување и жените нема мора да чекаат три дена за да размислат дали абортусот им е конечна одлука..Со новиот закон жените ќе може да абортираат и со апчиња до деветата гестациска недела. Бременоста ќе може да се прекине со писмено барање од жената и по 12тата недела во одредени слуачи

- „Во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност по животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или после породувањето, врз основа на научни сознанија дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци, или доколку до зачнувањето дошло со извршување на кривично дело: силување, обљуба врз немоќно лице или полов напад врз дете.“ - Министерство за здравство.

По дваесет и втората гестациска недела за прекинување на бременоста ќе одлучува првостепена комисија, составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство и еден социјален работник.

- „Доколку жената не се согласува од одлуката на првостепената комисија има право на приговор до второстепената комисија составена од двајца доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, доктор специјалист по детска хирургија, психолог и еден член со најмалку пет години работно искуство во областа на родовата еднаквост.“ - – Министерство за здравство.

Измените во законот доаѓаат по низа критики за досегашниот закон за абортус од страна на јавноста и невладините организации дека државата се меша во личните одлуки и правото на избор на жените. Од Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА започнаа и кампања со која како што велат ќе ја подигаат свеста за придобивките што ги носи новиот закон. .

Според невладината ХЕРА со обезбедувањето на квалитетна и достапна абортусна грижа ќе се намали стапката на нелегални абортуси, а репродуктивниот живот на жените, мажите и семејствата ќе стане безбеден и слободен.

Новиот закон за абортус е донесен и објавен во Службен весник. По осум денови законот стапува на сила.

0 Коментари

Остави коментари