Објавен новиот ценовник: Поскапува огревното дрво

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница.

Цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не беа  променети од 2009.

Цената на најскапото и најквалитетно дрво – дабот, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Буката сега чини 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик.

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено, се забрани и извозот на овие производи.