Објавен Конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020
Foto

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта во 2019/2020

Министерството за образование и наука викендов го објави Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2019/2020 година за гимназиско, стручно, уметничко образование и средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

Првото пријавување и запишување на учениците ќе биде на 17 и 18 јуни 2019 година, а ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 19 јуни.

Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 26 јуни.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден.

Податоци за слободни места по паралелки и наставен јазик за сите училишта во државата, како и информации за потребните документи и условите и критериумите за упис се содржани во Конкурсот кој МОН го објави на својата веб-страница.

0 Коментари

Остави коментари