Обилните врнежи ги поплавија кочанските села Облешево, Горни и Долни Подлог
Foto

Обилните врнежи ги поплавија кочанските села Облешево, Горни и Долни Подлог

Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта и претпладнево во кочанско предизвикаа излевање на одводните канали и на атмосферската и фекалната канализација, поради што и се поплавени дел од градските населби и селата.

Најкритична е состојбата во селата Горни и Долни Подлог каде водата навлезе во дворовите и домовите, а направи голема штета на складираното жито и сточната храна во амбарите, како и на градинарските посеви.

Поплавени куќи и дворови има и во соседната општина Чешиново - Облешево, а најголеми штети има во општинскиот центар, како и во селата Чифлик и Уларци.

0 Коментари

Остави коментари