Обид за манипулација на ДУИ – вака министерот Тошковски ја оцени интерпелацијата поднесена за него

Низок обид за манипулација на јавноста – вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени интерпелацијата за него која ја поднесе ДУИ. 

Тошковски со став – полицијата соодветно, одговорно и навремено интервенираше за време на инцидентите на Денот на албанското знаме, но и за сите последователни.  

Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи:

„Нека им е со среќа, ќе си постапи Собранието како што смета, јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста“. 

Досега полицијата уапсила вкупно 18 лица за минатонеделните инциденти со сквернавењето и палењето на македонското знаме, но и за палењето на албанското знаме и отстранување на државни симболи на Србија во Куманово. Најголем дел се млади луѓе.

Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи: 

„Сите овие се млади луѓе кои да речеме не се во години на зрелост, се надевам дека ова биле изолирани инциденти, но не ми личи дека таква била работата. За случајот во Скопје можеме да се сомневаме дали децава предизвикале случајно или некој соодветно ги мотивирал, но во вториот случај со палењето на возилата станува збор за добро организирана група“....

Додека Тошковски најавува жесток одговор на сите обиди за нарушување на мирот и безбедноста, ДУИ бара одговорност од него и од неговиот заменик. 

Пратеничката група на интегративците вчера поднесе четири интерпелации. Освен за Тошковски и заменикот Исени бара тестирање на довербата и за вицепремиерите Меџити и Стоиљковиќ. Според ДУИ, власта на денот на албанското знаме неоправадно интеревенирала спречувајќи мирна и традиоционална манифестација на Албанците.