Обид за атентат на словачкиот премиер Фицо

Обид за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо. 59-годишниот лидер на словачката влада бил застрелан по состанок на владиниот кабинет во градот Хандлова, на  околу 180 км североисточно од главниот град Братислава.

Фицо бил нападнат додека се поздравувал со своите поддржувачи. Првиот човек на словачката влада веднаш е префрлен во болница а засега е непознато каква е неговата состојба. Словачките медиуми велат дека кон Фицо биле пукано неколку пати и дека наводно има повреди на главата и градите. И од Словачкото министерство за внатрешни работи потврдија дека имало обид за атентат врз премиерот и открија дека напаѓачот е во притвор. Засега не се познати причините за нападот.

Фицо во октомври 2023 по четврти пат беше именувам за премиер за Словачка откако во предизборната кампања ветуваше дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и ги критикуваше санкциите кон Русија. Во 2018 година, Фицо беше приморан да се повлече од премиерската функција по големиот притисок во јавноста откако беше убиен истражувачкиот новинар Јан Куцијак.