Обединета Русија на Путин победи на парламентарни избори
Владејачката партија Единствена Русија е прогласена за очекуван победник на тридневните руски парламентарни избори. партијата која е на власт повеќе од 20 години освоила 57,5 проценти од гласовите.
Втора најсилна политичка сила СЕ комунистите со 13,6 проценти од гласовите, а по нив следува популистичката десничарска Либерално-демократска партија со 9,2 проценти...Партијата Нови луѓе освои нешто помалку од осум проценти, додека Праведна Русија доби 5,1 процент од гласовите. Тоа значи дека сите досегашни парламентарни партии повторно ќе успеат да влезат во Думата. Конечните резултати од изборите, според претседателката на Централната изборна комисија Ела Памфилова, ќе бидат познати најрано на 25 септември.
Сите партии што учествуваа на изборите се лојални на Кремљ и ја поддржуваат руската војна против Украина. Гласањето, кое критичарите на власта го нарекуваат фарса, се смета за важна потврда на воената политика на шефот на Кремљ, Владимир Путин.
За Единствена Русија се кандидираа десетици воени ветерани. Партијата се соочи со својата досега најтешка предизборна кампања поради тешката економска криза, заморот од војната и незадоволството кај граѓаните.
Опозициските сили кои се залагаат за мир не добија дозвола да учествуваат на изборите. Претседателот на партијата Јаблоко, Николај Рибаков, на која првично ѝ беше дозволено учество, а потоа беше отстранета од гласачкото ливче, демонстративно го поништи својот гласачки лист. Претходно ги повика и своите поддржувачи да го сторат истото.
И Јаблоко и традиционално силните комунисти се пожалија дека на нивните набљудувачи во стотици случаи им било оневозможено да го контролираат гласањето на избирачките места.
Ова беа првите избори за Државната дума во Русија од почетокот на војната што Путин ја започна против Украина во февруари 2022 година. Според официјалните податоци, излезноста била над 56 проценти, што е повеќе отколку на изборите во 2021 година.

