ОАЕ имаат најмоќен пасош на светот
Foto

ОАЕ имаат најмоќен пасош на светот

Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќен пасош на светот. Според интернет страницата паспорт индекс, на врвот на листата се наоѓа пасошот на Обединетите Арапски Емирати. Со овој пасош може да се влезе без никакви проблеми во дури 167 земји, односно има пристап во 84 отсто од светот. Во топ 10 земји се наоѓаат Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, како и Холандија, со чии пасоши може да се патува во 165, односно 166 земји. Македонскиот пасош се наоѓа на 36. место на листата и со него може да се влезе во 118 земји.

0 Коментари

Остави коментари